петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имаме коректни односи со меѓународните партнери, но не очекувајте да бидеме лицемерни, тоа што го мислиме јавно ќе го кажеме

Мицкоски: Имаме коректни односи со меѓународните партнери, но не очекувајте да бидеме лицемерни, тоа што го мислиме јавно ќе го кажеме

Имаме коректни односи со меѓународните партнери, но не очекувајте да бидеме лицемерни, тоа што го мислиме јавно ќе го кажеме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „360 степени“ на Алсат М телевизија.

Мицкоски посочи дека е задоволен кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со претставниците на меѓународната заедница овде во Македонија, позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е во рамките на Европската Народна Партија, но и со оние други европски политичари кои не се дел од ЕПП.

-И ако ме прашате дали состојбата сега во 2022 година во октомври е подобра од декември во 2017 година ќе ви одговорам многу подобра, рече Мицкоски.

Во однос на пораките на меѓународната заедница дека за преговорите со ЕУ дека опозицијата треба да ја преземе одговорноста, Мицкоски посочи дека меѓународната дава пораки и за власта која е корумпирана и криминална, додека овие околности за интегрирањето на Македонија за ВМРО-ДПМНЕ не се прифатливи.

-Пораката ја слушаме и кон власта каде што слушаме дека сме исклучително корумпирана и криминална држава, така што пораки од меѓународната заедница стигаат кон двете страни и кон власта и кон опозицијата. Ги слушаме тие пораки, но нашиот став е јасен и прецизен дека под овие околности вакви какви што се ВМРО-ДПМНЕ нема намера да влезе во било какво интегрирање и во Преамбулата на Уставот, рече Мицкоски.

Запрашан за изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји кој смета дека треба да се прифати францускиот предлог, Мицкоски истакна дека неговиот став е различен со оној на Вархеји и дека кога станува збор за идентитетот на македонски народ и Македонија, имаат различни ставови.

-Јас мислам дека многу подобро и мислам на мојата Македонија отколку господинот Вархеји. Нема аргумент со кој ќе не убедат дека таа политика е исправна, истакна Мицкоски.

Мицкоски на крајот прашува дали е фер Македонија поради билатерални причини, односно поради причини на сите нас ни се познати да чека најдолго од сите држави во Европа.

Најнови вести