четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имаме срушени институции и надежи, срушена економија, безпреспективност на младите, мора ова да се смени!

Мицкоски: Имаме срушени институции и надежи, срушена економија, безпреспективност на младите, мора ова да се смени!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжува со своите теренски активности низ цела Македонија. Денеска тој беше во посета на  Струмица и струмичко.

-Утринава имавме една средба со младите од општина Босилово, каде што разговаравме за актуелната политичко економска состојба, за преспективата на младите т.ес за безпреспективноста која што во овој момент владее, за срушените институции, за срушените надежи, за срушените очекувања, за срушената економија која што е во моментот, безидејноста од страна на владата, немањето на проекти, сето она што беше ветувано за време на предизборието останува само едно голо слово пишано на хартија, реализацијата изостанува. Немаме практично никаква реализација и она што мене ме загрижува е тоа дека се поголема е разочараноста кај младите и се поголема е барањето алтернатива за напуштање на нашата држава. Сето она што беше ветувано во предизборието дека голем дел од младите кои што претходно се иселиле ќе се вратат, напротив ние гледаме само акцелиризиран процес на дополнително иселување од Република Македонија и желба за иселување од Република Македонија поради безперспективност и немањето можност кои што во овој момент се резултат на тотално погрешните политики коишто владата предводена од СДСМ ги води во Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој порача две важни работи.

– Првата е бескрупулозната изјава на претседателот на Владата, на господинот Зоран Заев, каде што се користи со ниски страсти ги злоупотребува децата за дневно политички цели. Тоа не е мое ниво, но нема како а да не останам индиферентен а да не го искоментирам тоа. Навистина непримерно од страна на претседателот на Владата и се надевам дека тоа нема да му се повтори во иднина да користи ниски страсти и да ги злоупотребува децата за дневно политички цели. И втората работа што исто така ме загрижува е информацијата која што ја добивам од полициски извори дека имаме мобилизираност на припадниците на МВР за дополнително задушување на можноста на граѓаните  да го изразат својот демократски револт, демократски пркос преку протест. На тој начин апелирам не само што не се помага во процесот на заедничко надминување и подобрување на реформските процеси туку уште дополнително се загрозува на овој начин. Затоа ја користам оваа прилика да апелирам и до министерството за внатрешни работи, но и до господинот Зоран Заев, да не ги злоупотребува чувствата, да не ги злоупотребува институциите и на тој начин да го ограничува демократското право на секој граѓанин во Република Македонија да го изрази сопствениот револт. Се разбира не насилно. Ние уште  во текот на вчерашниот ден тоа го кажавме дека насилство не е оправдано и ние никако не можеме да подржиме насилство. Но, секој оној мирен израз на револт е основно загарантирано демократско право на секоја граѓанин во Република Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача:  „Доколку бидеме сведоци повторно на приведувања, закани, притисоци од страна на МВР мораме со жалење да констатираме дека тоа не само што не му помага на процесот со реформи, туку напротив му одмага и го отежнува дополнително“.

-Се надевам на разум  и уште еднаш ја користам оваа прилика да апелирам и по двете точки, и под првата точка злоупотребата на децата за дневно политички поени и по втората точка евентуалните злоупотреби на МВР а се со цел задушување или спречување на основното елементарно демократско право на секој граѓанин на мирен начин револтот од дневните политики кои што владата на СДСМ ги води во Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој одговори и на новинарско прашање „Како ќе  ја искоментирате изјавата на премиерот Заев дадена денеска дека на протестите се користи говор на омраза и дека биле подготвени веќе првите кривични пријави?“.

-Јас уште од тука од Струмица апелирав до господинот Зоран Заев за разум. Да не превзема акција како што превзема, да ги прекрши процедурите во Собранието, Деловникот, законите, Уставот. Да не се однесува насилнички поддржан од Талат Џафери. Да ги испочитуваат процедурите и Деловникот во Собранието кога ќе дојде на дневен ред предлогот на Законот за јазиците. Но, сведоци бевме на едно девијантно однесување од страна на Претседателот на Собранието, господинот Џафери но и поддржан од пратениците на СДСМ и господинот Зоран Заев. Како реакција на сте таа акција, неделовничка и незаконска се случуваат очигледно низ Македонија протести, бидејќи тоа предизвика чувства кај граѓаните. И сите тие кои што демократски без насилство го изразуваат својот револт апсолутно имаме разбирање за нив. Ние рековме во текот на вчерашниот ден дека насилство не е дозволиво, ние како политичка партија не поддржуваме насилни протести. Но протести каде што граѓаните на мирен начин го изразуваат револтот тогаш можеме да кажеме дека се апсолутно во согласност на онаа акција која што беше спротивно на Деловникот и законите во Република Македонија. Околу говорот на омраза, околу заканите нема многу да дискутирам, само ќе ве потсетам на не така одамна една изјава на премиерот  кога пред своите сопартијци јавно кажуваше дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт, очигледно дека почна тоа сценарио да го практикува.  Не само што јаде живи луѓе и не само што не практикува политики туку основна водилка во неговото однесување  претставува заканата, уцената притисокот и тоа е недозволиво за држава каква што е Македонија  која што планира да биде дел од европските вредности во европското семејство. Јас само би му препорачал да се контролираат во изјавите, да внимава што зборува, бидејќи навистина денот кога ќе треба да поднесе полна одговорност за овие изјави доаѓа многу брзо, побрзо од што и тој самиот е свесен, истакна Мицкоски.

Најнови вести