-Ситуацијата е алармантна. Прашање е на време кога ќе надмине бројката преку 1500-2000 заразени. И сега што треба ние да правиме, да влеземе да водиме кампања во средини и дополнително да се дозаразиме, и не само ние туку да ги заразиме и мештаните и да допринесеме да се прошири уште повеќе пандемијата. Ситуацијата е опасна по здравјето на луѓето, опасна по жителите на тие општини, дека не треба по секоја цена да се натпреваруваме и да победиме, и дека треба да се заштитат парите кои ги нема и да размислиме како ќе се однесуваме кон овие два процеси, истакан Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната емисија “Клан дебата” на Клан Македонија телевизија.
Втората работа, посочи Мицкоски е дека не треба да трошиме пари кои ги нема, гледаат и сите граѓани дека ги нема и тешка е економската ситуација.
-Изборите во Пласница и во Штип е уште еден рецитив на погрешните политики на СДСМ и ДУИ. Во среда имаме состанок на ИК и ќе го изградиме нашиот став и ќе го соопштиме на јавноста. Но, еве тој став и се надзира од овој мој коментар тоа е ставот со кој јас ќе излезам пред членовите на ИК, рече Мицкоски.