петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Како од два тони марихуана во Јосифово, на крајот се пронајдени само стотина килограми марихуана во Арачиново?

Мицкоски: Како од два тони марихуана во Јосифово, на крајот се пронајдени само стотина килограми марихуана во Арачиново?

Во денешното издание на дебатната емисија “Студио 10” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за матните зделки на соработниците на Зоран Заев и пронајдените над 2 тони марихуана.

Мицкоски истакна дека е чудно што пред само два дена во Јосифово биле украдени над 2 тони марихуана во камион, а потоа фамозно да исчезнат речиси 1.8 тони и да останат само стотина килограми, кои пак се пронајдени во Арачиново.

-Прв сомнителен момент е тоа што МВР речиси два дена немаше никаква изјава или соопштение за овој случај, а уште помалку ги обзнани инволвираните во случајот. Но знаејќи ги релациите на струмичките шверцери со оние во Арачиново, лесно можеме да ја поврземе паралелата на соработка”, додаде Мицкоски.
Срамота е во една земја како Република Македонија која е претендент за членка на ЕУ, секојдневно да се среќава со скандали и криминали од ваков тип, па дури и поголеми од овие. Тоа покажува дека општеството е труло и искорумпирано до максимум, а главен виновник за тоа е Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Најнови вести