четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Катастрофалното ниско ниво на капитални инвестиции покажува дека владата не работи

Мицкоски: Катастрофалното ниско ниво на капитални инвестиции покажува дека владата не работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервју за Алфа ТВ истакна дека нивото на капиталните инвестиции оваа година е катастрофално, при што ситуацијата во државата станува алармантна.

-Алармантна е ситуацијата, еве денеска излезе бројката со капиталните инвестиции, заклучно со месец јули тие се некаде околу 21,15% што е катастрофален ниско ниво и доколку го споредиме во бројки износот на капиталните инвестиции од оваа година која што е некаде околу 74/75 милиони евра со истиот е за 74 милиомни евра е помал отколку истиот кој што беше минатата година а добро знаете дека минатата година беше година на можеби големи политички предизвици, торбуленции и така натаму. Значи за некаде околу седумдесетина милиони минатата година, капиталните инвестиции во истиот период беа поголеми од тие што се предвидени и реализирани од оваа година, рече Мицкоски.

На СДСМ, Мицкоски им порача дека прилично е несериозно за една влада после година ипол од владеењето да реализира толку ниско ниво на капиталните инвестиции со што сеуште бараат алиби од минатото за нивната неспособност.

– Имавте доволно време овие година ипол да креирате проекти кои што ќе прават повратна инвестиција кои што еве ако порано тие не биле продуктивни тогаш вие сте имале доволно време за година ипол со сето свое знаење кое што го имате, да креирате проекти кои што ќе бидат продуктивни и истите да стимулираат што поголем износ на капитални инвестиции. Но вие очигледно сте ги преспале овие година ипол и сте се разбудиле после година ипол и наеднаш ви текнало дека имате катастрофално ниско ниво на капиталните инвестиции и прво што ви паѓа на памет е дека „ќе се вадам на она што беше пред седум години и така натаму“. Прилично несериозно што навистина ги вознемирува пред се бизнисмените во Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Најнови вести