вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ќе имам работно лето, ќе ги посетам домовите на илјадници граѓани

Мицкоски: Ќе имам работно лето, ќе ги посетам домовите на илјадници граѓани

Во текот на летото, ширум Македонија ќе се обидам да посетам илјадници домови и да разговарам со луѓето, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостувањето во вестите на „Сител“ ТВ.

Тој истакна дека ќе води политика која на долг рок ќе обезбеди вистинска визија за Република Македонија.

-Стратегијата ќе ја градиме врз основа на можностите и врз основа на она што се вели актуелна политичка ситуација во државата. Она што е важно е да бидеме внимателни и да не бидеме емотивни. Да не водиме политика падни – стани или купи – продај, туку да водиме политика која што на долг рок ќе обезбеди вистинска визија за Република Македонија а тоа впрочем и го кажав во мојот говор во Саботата и сега ќе го повторам. Се обидуваат да ни продадат колективна општествена депресија, мојата порака до граѓаните беше, еве не мора мене да ми верувате, сепак јас сум млад лидер, јас сум човек кој што се обидува да биде само искрен и принципиелен пред македонската јавност, верувајте си на самите себе и верувајте на она што го гледате а не на она што некој се обидува да ве убеди нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека во текот на работното лето ќе има една мисија а тоа е, македонскиот народ да биде сплотен и што поскоро да го надмине сето она  што Зоран Заев и го приреди на Република Македонија.

Најнови вести