вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Колоните возила за вакцина во Србија е доказ за неспособност на власта, највеќе боли што нема одговорност

Мицкоски: Колоните возила за вакцина во Србија е доказ за неспособност на власта, највеќе боли што нема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ се осврна на процесот на вакцинација, пред се на сликата од минатиот викенд кога колона возила и многу граѓани заминаа за Србија да примат вакцини.

„Секоја чест на Србија. Но, колоната возила да се гледа на граница, изгледа како филмовине од Холивуд кога има апокалипса доаѓа бран на цунами и масовно луѓето се евакуираат“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша „дали видовте таква колона на границата со Хрватска, јас не видов, со Црна Гора, Албанија, не видов“ и додаде „таква масовна посетеност имаше само од Македонија“.

„Тоа доволно говори за неспособноста и поразот. И проблемот е што нема одговорност. Тоа боли најмногу“, кажа Мицкоски.

Најнови вести