Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во интервју во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат М, вели дека предвремени парламентарни избори мора да се случат бидејќи состојбата во државата воопшто не е добра, бидејќи голем дел од граѓаните според анкетите за мерење на јавното мислење сметаат дека државата се движи во погрешен правец.
– Ако ми дозволите ќе бидам поекстензивен кога велиме се сложувам со вас, но во оној вториот дел кога сега и веднаш јас сум апсолутно свесен дека тоа сега и веднаш не значи денес или утре да има предвремени парламентарни избори, но мораме да размислуваме за тоа затоа што состојбата во државата не е добра. Кога велам дека не е добра тука пред се мислам на граѓаните кои што во огромно мнозинство на сите мерења на јавното мислење би рекол двотретинско мнозинство говорат дека државата се движи во погрешен правец, а се движи во погрешен правец затоа што владата не ја бидува и велат владата мора да си замине, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека Димитар Ковачевски нема легитимитет добиен од народот, посочувајќи дека јавноста изминатите години знае како се добива поддршка во македонското собрание и кои се методите.
– ВМРО-ДПМНЕ треба одговорно да се однесува и државнички и затоа бараме предвремени парламентарни избори.Таа теза си останува нема легитимитет, јас не можам да се разубедам поинаку бидејќи едноставно тоа вие сега што го кажавте дека ја добил поддршката во парламентот од 62 пратеника знаеме во нашиот парламент како се добива и кои се ментодите и тоа во изминатиот неколку години јавноста беше сведок, порача Мицкоски.