петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Луѓе умираат зошто не може да добијат здравствени услуги

Мицкоски: Луѓе умираат зошто не може да добијат здравствени услуги

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото вечерашно интервју во „Отвореното студио“ на МРТ уште еднаш го потврди својот став дека на следните парламентарни избори граѓаните ја носат најважната одлука во својот живот за иднината на својата земја.

Тој како една од многуте причини поради кои оваа владејачка гарнитура мора да си замине, го спомена руинираното здравство.

-Луѓе умираат поради тоа што не можат да ги добијат елементарните здравствени услуги, истакна тој.

Мицкоски ја потсети јавноста и на скандалот во кој министерот за здравство фингираше вакцинација и злоупотребуваше малолетни деца за свој личен ПР.

Тој ги спомена и вакцините со изминат рок и истакна дека одбива да живее во таква држава и ќе стори се да ја промени таа реалност.

-Одбивам да живеам во држава, каде што министерот за здравството ќе фингира вакцинации и ќе злоупотребува бебиња во сопствен ПР. Каде што ќе се вакцинираат децата со вакцини со изминат рок, каде што ќе манипулираме со најранливите категории на граѓани. Не сакам одбивам да живеам во таква држава. Не сакам и ќе сторам се за да ја променам таа реалност како лидер на опозицијата, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести