четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски му одговори на Заев по неговата покана за лидерска средба

Мицкоски му одговори на Заев по неговата покана за лидерска средба

На поканата од премиерот Зоран Заев да се одржи лидерска средба, денес јавно одговори и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Гледам дека Заев повикува на лидерска средба во петок, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес е потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори. Тоа е така затоа што и покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење кое го кажува Заев дека е подготвен да излезе секогаш на избори, самиот тој е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори, а потоа како што напишав во една колумна, секој што си дробел тоа и ќе си срка, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека тој беше првиот кој го повика премиерот да соработуваат за датум за избори.

-Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта? Ја отфрли понудената рака и одговори со прогонот врз актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови? Ја информирам јавноста дека работни групи составени од ВМРО-ДПМНЕ и работни групи кои ги предложи СДСМ веќе интензивно работат на закон за ЈО иако ставовите се дијаметрално спротивни. Една од црвените линии беше Катица Јанева, гледаме за неа денес веќе не се ни дискутира, рече Мицкоски.

Најнови вести