понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: На 15 јули ќе ја поразиме тригодишната пандемија на Заев

Мицкоски: На 15 јули ќе ја поразиме тригодишната пандемија на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати во Охрид на првиот митинг на коалицијата „За обнова на Македонија“ каде што пред присутните истакна дека 15 јули е денот кога граѓаните  масовно рамо до рамо ќе застанат и ќе ја поразат тригодишната пандемија која што ни се случуваше во Македонија од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе си ја обноват заедно Македонија.

– Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија која што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“. Јас сум убеден во мудроста и поддршка на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Македонија е понижена и омаловажена, а Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред,  држава во која што за жал имаме невредности, а неправдата и невистината царуваат, а од другата страна политичари кои велат дека можеле.

– Да точно. Можеа за три години да направат нешто но не направија. Направија само една работа го исполнија ветувањето  дадено далечната 2008 година кога Заев рече да си ја свиткаме кичмата. Тоа е единственото ветување кое го исполнија. Може да направат подобар договор и да не ни го земат достоинството и честа. Да не ја навредат крвта и коските на оние јунаци наши предци кои што живот даваа за оваа земја. Можеа но не го направија тоа капитулираа. Затоа сме ние тука да го држиме тој пламен и да го засилуваме пламенот македонски да биде вечен да гори и да потсетува на нашата Македонија , онаа која што ја сонуваме, потенцираше Мицкоски

Тој рече дека СДСМ и Заев не исполнија ништо од ветувањата, не донесоа ниту 500 евра плата, ниту 100.000 за докторите,  ниту реновирани студентски домови ни студентски град, а нема ни реновирани болници и наместо тоа направија здравството да биде заложник на пандемијата во ситуација кога целиот свет излегува, а тие не знаат ни што прават.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека сето можеше да се оствари, но за тоа требаше да има помалку Луј Витон ташни и купчиња со евра на чантите на политичарите какви што ги гледавме пред некој ден.

– Денешната реалност е Македонија хибриден режим, Македонија на 106 место на скалата на транспарентност интернационал по корупцијата . Зошто е тоа така ќе си го поставиме прашањето . Затоа што имаме Луј Витон Обвинителство и затоа што имаме „трас трас“ судство а ветуваа правда. Се сеќавате немало правда немало мир. Да ги прашаат родителите на овие деца на Смилковско каде е правдата да ги прашаат на овие на Мартин Јанушев родители каде е правдата  . Кољо да го прашаат и неговите родители каде е правдата . Не може да го прашаат затоа што прерано згасна тој млад човечки живот За потегнување на коса имаме 4 години затворска казна а за убиец три години . Таа ли е правдата што ја донесе Заев, таа ли е правдата за која марширавте. Не тоа е неправдата која што денеска е реалност во нашата Македонија, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека треба да си ја обновиме економски татковината, а во таа економска обнова невработеноста ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали под 10%, ќе има повисоки плати за 25% односно за повеќе од 6 илјади денари во еден мандат. Тој додаде дека ќе растат и пензиите и тоа за 20%, тоа што беше укинато ќе биде вратено.

– За вработените во образованието доследно почитување на колективниот договор и плати до 36 илјади денари. За вработените во здравството, вложување во образованието, вложување во кадарот. Да не ги полниме клиниките во Западна Европа, во Америка и во Австралија, туку да си ги вратиме лекарите дома. Тоа се луѓе кои нас ни се потребни да ги лечат нашите родители. Да ни даваат медицинска нега нас и на генерациите по нас. Тие луѓе ние сме ги образувале, сме ги школувале, да не ги полниме западноевропските клиники. Тука да си ги вратиме медицинските лица, персоналот тука, дома, во реновирани болници и реновирано здравство, изјави Мицкоски

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши започнатата инфраструктура, автопатот Кичево-Охрид, експресните патишта и сето тоа што СДСМ не беше способна да го почне и заврши изминатите три години. ќе ја обнови енергетиката

– Енергетски да ја обновиме Македонија, тоа е дел од проектот Обнова. Нови фасади термо-енергетски каде што државата ќе покрие до 50% од трошоците за тие кои што ќе одлучат тоа да го направат. Бесплатен приклучок за гас до секој дом. Се сеќавате ли на онаа парола „ајро, ајро“, се сеќавате ли на ветувањето за воздух, се сеќавате ли на ветувањето за вода за пиење? Може ли некој од вас да се сети кој нов водовод, која нова брана кој нов зафат го направија во овие 3 години? Нема да се сетите затоа што таков нема, а што се однесува до воздухот рекорди соборуваме во светот по загаден воздух, изјави Мицкоски.

За крај Мицкоски порача охриѓани да не веруваат на транзициони политичари како Шекеринска и Заев кои носат лажни подароци, туку да поддржат обнова, вистината, честа и честитоста кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Игор Дурловски како носител на изборната единица 5.

– Игор стои пред вас со сета своја чест која што ја градел ние Европа и се вратил дома да помогне во ова тешко време невреме. Кога на Македонија и е тешко тој е тука со нас и е пред вас и стои заедно рамо до рамо со вас. Најпрвин заедно со Игор и победничката листа во изборната единица 5 ќе ја поразиме Радмила Шекеринска, ќе го поразиме Зоран Заев, а потоа ќе си ја обновиме нашата Македонија, заклучи Мицкоски

Најнови вести