Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со Зоран Заев во Канал 5 телевизија, во врска со трагедијата во Тетово и побараната оставка од министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека оставката е нужна е за да се спасат човечки животи, она кое се случи во Тетово е директна последица на слабостите на системот.
-За да спасиме човечки животи, затоа што ситуацијaта е загрижувачка, 14 човечки животи, 12 пациенти и двајца блиски до пациентите ги загубија своите животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот кои се резултат на лошото менаџирање на тој систем од страна на надлежните, истакна Мицкоски.
Тој вели дека доколку се поразговaра со роднините кои загубиле свои блиски ќе се увиди сиот гнев и болка затоа што ги загубиле најблиските затоа што тие во болницата отишле по здравје.
-И ако денеска има некој кој има грижа на совест во Владата, а тука најповикан е Зоран Заев не само што нема да размислува туку веднаш ќе ги прифати сите овие оставки, и тоа е првата работа којашто треба да ја направи, а тоа моралната одговорност, а потоа следат и поинакви одговорности, затоа што 14 луѓе ги загубија своите животи, порача Мицкоски.