вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: На народот му е преку глава од етноцентристичка политика, тој сака подобро да живее, наместо проценти треба да се напредува врз основа на знаење и способност

Мицкоски: На народот му е преку глава од етноцентристичка политика, тој сака подобро да живее, наместо проценти треба да се напредува врз основа на знаење и способност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија посочи дека Македонија како држава сака да ја види како држава на рамноправни граѓани, Македонија на сите луѓе, каде што нема да се напредува поради проценти, туку ради знаење, вештини и компетенции.

Вели дека на граѓаните им е преку глава од етноцентристичка политика. Посочува дека граѓаните во Македонија единствено сакаат подобро да живеат, наместо со проценти треба да се напредува врз основа на знаење и способност.

„На народот му е преку глава од етноцентристички политики и поделби. Народот без разлика од која етничка заедница дали се Македонци, Албанци Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, небитно, сакаат подобро да живеат. А, ние политичарите, вие медиумите и општествено влијателните треба тоа да го овозможиме тоа, затоа што на следниот попис ќе биде милион и 500 илјади“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради лошите политики кои ако продолжат граѓаните се повеќе ќе си заминуваат од државата, а населението се повеќе ќе се ситни.

Најнови вести