Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во општина Карпош говорејќи за билбордите на Шилегов на барокната катна гаража, истакна дека до вчера им сметаше, ама сега барокот кога ќе треба да се спростре платно со својот лик од 20 метри, тогаш барокот им е добар.
Мицкоски посочи дека до вчера барокот го бојадисуваа, ама сега на истиот се рекламираат, и тоа со огромни платна кои може да се видат само во Северна Кореја.
– Изминативе денови можеби сте виделе, на власта почна барокот да им се допаѓа, тој барок што го бојадисуваа, што го уништуваа, па ќе видите едни два билборди на паркингот на ПОЦ кај Македонска телевизија. Едниот е на Петре отприлика како еден северно корејски лидер од едната страна на градот да ја опфати, а другиот е на другата страна за нивниот мал Зоран, кандидат за градоначалник на Центар кој исто така наликува на еден северно корејски лидер, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека до скоро барокот не им одговараше, ама сега гледаме интензивно да им се допаѓа кога ќе треба 20 или 30 метарски билборд платна да обесат.