четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија во Македонија

Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски во разговор со амбасадорката истакна дека ситуацијата секојдневно се влошува, потенцирајќи дека владата на СДСМ и Ковачевски ја носат државата во пропаст.

Според Мицкоски, ваквата слика во државата покажува дека реформите се повеќе од потребни, како на промена на власта, така и во секој сегмент од животот, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе изберат промени и иднина, како и дека ќе можат да ја казнат владата за сите лоши и штетни политики кои ги спроведуваат изминатите 5 години откако се на власт.

Воедно, Мицкоски и се заблагодари на Галовеј за досегашната поддршка која Обединетото Кралство на Велика Британија и ја дава на Македонија.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработката и пријателскиот однос.

Најнови вести