сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со австриската министерка за Европа: Оваа влада ја нема поддршката на граѓаните

Мицкоски на средба со австриската министерка за Европа: Оваа влада ја нема поддршката на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер.

На средбата Мицкоски ја истакна благодарноста кон Република Австрија која ја дава на Македонија за континуираната, искрена и недвосмислена поддршка во изминатите години, истакнувајќи дека од особено значење е јасната поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како стратешки приоритет и на Европската унија и на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ, особено во овие турбулентни времиња за Европа, останува цврсто на европскиот пат, и се залага преговорите со ЕУ да започнат веднаш и без одлагања, вели Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени, посочувајќи дека почетокот на преговорите треба да се базира на исполнување на европските вредности.

-Непринципиелните барања за идентитетски, јазични и историски промени се неприфатливи во 21виот век. Преговорите и пристапувањето кон ЕУ треба да се базира на исполнување на европските вредности и критериуми, рече тој.

Впрочем, Мицкоски ја потенцираше и нелегитимноста на Владата и неисполувањето на основните барања на граѓаните, што го покажуваат и мерењата на јавното мислење.

-Неуспесите во борбата со криминалот, корупцијата, економските потфрлања, јасно покажуваат дека оваа влада ја нема поддршката на граѓаните, порача претседателот Мицкоски.

Најнови вести