петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со шефот за политички односи на Канцеларијата на ЕУ во Македонија, Холуб

Мицкоски на средба со шефот за политички односи на Канцеларијата на ЕУ во Македонија, Холуб

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со пратеникот Влатко Ѓорчев, секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски оствари средба со Лукас Холуб, шефот за политички односи на Канцеларијата на Европската унија во Македонија.

Како што соопштуваат од партијата на средбата се разговарало за актуелните општествено политички состојби и стратешкиот приоритет на државата за членство во Европската Унија.

-Мицкоски посочи дека државата премногу долго се наоѓа во процес на политичка криза што негативно се одразува како врз политичките процеси, така и врз економијата и стандардот на граѓаните.Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е добра волја од сите учесници. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи секое решение и реформски процес за кое е оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократските процеси, но воедно дијалогот е двонасочна улица и е потребна активност и добра волја од страна на власта  преку конкретни чекори со кој ќе ја потврди сериозноста во пристапот, посочи Мицкоски, соопштуваат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека политичките прогони кои ги спроведува актуелната власт ја уназадуваат државата и го отежнуваат демократскиот процес. Интересот на граѓаните е во насока на подобра економија, образование, социјална заштита и животен стандард, а не во селективниот пристап и двојните стандарди кои ги спроведува владата на СДСМ.

-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се истакна дека е потребен реален напредок во односите и интеграциските процеси на Република Македонија во однос на Европската Унија. Реториката и декларативните заложби на актуелната влада се недоволни. Немањето на реални чекори во изминатиот 7-месечен период  покажува дека Владата залудно го троши времето и со недоволен капацитет се посветува на овој стратешки приоритет, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести