Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес остварува средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, во просториите на комората.
Тој пред средбата истакна дека се заблагодарува на Претседателот на Стопанската Комора што им овозможи денескаод името на ВМРО-ДПМНЕ да претстават дел од оние политики кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има предвидено партиската програма која што е во завршна верзија и која што планираат да ја објават во периодот кој што следи.
-Нејзиното целосно објавување ќе биде, се разбира, пред моментот кога ќе имаме предвремени или редовни парламентарни избори. Така што ние сакаме да се консултираме со коморите. Сакаме да ги поддржиме сите оние иницијативи кои што доаѓаат од страна на коморите во Република Македонија. Се разбира кои што значат подобрување на економскиот амбиент во Република Македонија, кои што значат подобрување на животните услови на сите граѓани во Република Македонија, додадена вредност во квалитетот на нивниот живот. ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажала, но се надеваме и сигурни сме дека и во иднина ќе имаме интензивна соработка со Бизнис заедницата во Република Македонија бидејќи како што кажав пред неколку дена кога бевме во Стопанската Комора на Македонија така и сега овдека во Комората за Северозападна Македонија сакам истото да го повторам дека бизнисот, економијата се условен двигател во функционирањето на една држава и ние како политичари сме тие кои што треба да бидат на услуга на бизнисот и континуирано и пернаментно да се консултираат со бизнисот околу политиките, околу определените законски решенија кои што ќе значат олеснување на бизнисот во Република Македонија кои што сега се рестриктивни. Така што генерално ова ќе биде една консултативна средба во која што ние ќе ги преставиме нашите угледи, нашата визија како планираме да ја водиме економијата во Република Македонија која ќе ја формираме следната Влада. Така што очекуваме се разбира и повратен одговор од страна на претставниците на Комората овдека денеска, истакна Мицкоски.
Тој пред Комората говореше и за актуелните политики и за економијата.
-Исто така ќе го преставиме нашето гледиште околу актуелните политики во економијата на моменталната влада кои што мислиме дека се погрешни и јас ќе се обидам катаклизмично повторно да не се изразувам секако едностраниот потег на владата за зголемување на даноците без консултација со коморите или бар не доволно консултација со коморите или игнорантскиот однос од страна на владата, да не го слушне мислењето на коморите, а да ги покачат даноците не носат додадена вредност во квалитетот на економијата во Република Македонија. Напротив, тоа повторно е уште една рестриктивна мерка која што не ја стимулира економијата во Република Македонија. Ниското ниво на капиталните инвестиции во Република Македонија вчера слушнавме премиерот како се фалеше во Собранието на Република Македонија на високото ниво на директни странски инвестиции. Еве денеска стигна демант од страна на НБРМ каде што во третиот квартал не само што немаме директни странски инвестиции туку имаме и негативен биланс од 6 милиони евра така што Македонија ја става во групата на дното закована на држави каде што не постои никаква атрактивност за привлекување на директни странски, но исто така тоа ќе повлече и намалување на инвестициската активност и на домашните компании впрочем. Така што имаме комплетно лош еден амбиент во моментот во Република Македонија, но она што е пострашно ние не гледаме визија како понатаму ќе се развива, не гледаме проекти кои што на среден и долг рок ќе го подобрат овој амбиент. Така што за сите овие прашања ние денеска ќе разговараме со претставниците на Комората на Северозападна Македонија, истакна Мицкоски.