Македонија и Скопје ја сакаат слободата. Скопје на пиедестал секогаш ја ставало борба за слобода, верувањето во принципи и надежта за иднината во која веруваме, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Луѓето кои за тоа се бореа пред 77 години се нашите херои денес, тие ја донесоа победата над фашистичкиот окупатор и нивна е славата, а заедничка е слободата. Таа слобода ја браниме и денес, и таквата љубов кон Скопје ја имаме и денес. Нашите современи битки ќе бидат нашите заеднички победи, нашето раздолжување кон градот на солидарноста, слободата и хуманоста. Скопје го чекаат подобри времиња, а новата иднина е нашиот сон за времето кое доаѓа, пишува Мицкоски.
Со таа верба и непоколеблива надеж, среќен и вечен денот на ослободувањето – 13 Ноември, граду мој!, порача Мицкоски.