Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма телевизија, а во врска со Преспанскиот договор истакна дека не е демократски да се забранува да се бориме за исправање на неправдата којашто ни е нанесена.
-Не е демократски и не е во духот на вредностите да им забраните на луѓето да се борат, да ја исправат неправдата којашто тие мислат дека им е ненесена, вели Мицкоски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ стотина пати го повторил истото, кажано е дека не треба да се дозволи ниту политичарите или било кој друг да ја игнорира реалноста, но тоа не значи дека треба да им забранува на граѓаните да се борат и со тоа да ја исправат таа неправда со договорот од Преспа.
-Ако кажам дека ќе ја игнорираме, нема да бидам искрен спрема вас и спрема граѓаните. Таа реалност никој не ја игнорира, но ние ќе се бориме да ја исправиме таа реалност. Ние како политичари сме луѓе коишто ќе се борат да ја исправат таа неправда, истакна Мицкоски.