четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не може да водите политика на добрососедство со свиткана кичма, туку со интегритет

Мицкоски: Не може да водите политика на добрососедство со свиткана кичма, туку со интегритет

Политика на добрососедство аргументирана со факти, наместо свиткана кичма е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва гостуваше во „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

-Политика која се темели на принципи, чесност и искреност. Тоа е политика која што треба и спротивната страна да ја прифати, зашто вие не можете да водите политика на добрососедство со континуирана свиткана кичма и на штета на вашите интереси. Вие морате да најдете начин како вашите позиции да ги аргументирате со факти. Тоа е политика која што треба сериозна Влада, сериозен естаблишмент да го води, истакна Мицкоски.

Според него, сето останото е популизам, ниски страсти и фарса, што, како што рече, нема никаква врска со добрососедство.

Претседателот на партијата вели дека оваа политика има за цел властодршците што подолго да останат на власт.

Најнови вести