понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Очигледно некому повеќе му одговара во Македонија да има состојба каква што е, отколку да се движи напред

Мицкоски: Очигледно некому повеќе му одговара во Македонија да има состојба каква што е, отколку да се движи напред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање на неговата денешна пресконференција, кажа дека очигледно некому му одговара во Македонија да има состојба каква што гледаме во моментот, отколку државата да тргне напред и државата да стане современа европска држава.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, која е посветена на реформите и секогаш е на браникот на националните и државните интереси, и дека наскоро ќе преземе конкретни чекори на кои  јавноста ќе биде сведок.

Претседарелот на ВМРО-ДПМНЕ даде коментар и во врска со протестите кои се случуваат пред домовите на пратениците од СДСМ.

–  Јас апелирав да не дозволиме да се случи оваа ситуација, но некој тоа не успеа да го препознае. За жал тие луѓе денес се премиери, министри, претседатели така наречени на Собранието и целата одговорност е кај нив за оваа ново настаната ситуација, посочи тој.

Мицкоски рече дека како партија не оправдуваат насилство, но и дека одговорноста за ситуацијава ја  има СДСМ.

– Одговорноста за ова што се случува во Република Македонија е на страната на владејачкото мнозинство, бидејќи во многу наврати во минатото без никаков аргумент ги игнорираа апелите  кои што ние како ВМРО-ДПМНЕ ги упативме кон нив. И навистина жалам што сето ова и се случува на Република Македонија во моментов, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести