понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Дојран: Заев нанесува голема штета на економијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со решенија за поблемите

Мицкоски од Дојран: Заев нанесува голема штета на економијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со решенија за поблемите

Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран.

Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните. Тој најпрво истакна дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги брани националните интереси на државата и ќе работи посветено и одговорно се со цел подобар и поквалитетен живот за сите граѓани во Македонија.

Мицкоски посочи дека моменталната влада на СДСМ нема реализирано ниту еден капитален проект од кои придобивка ќе имаат граѓаните додавајќи дека оваа влада мора да замине час поскоро зошто не работи ништо.

-На безнадежноста ќе дојде крај, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сеопфатна и опсежна програма која мора да биде најдобра досега, со реални решенија зад кој ќе седи нашиот кредибилитет и кон која ќе се обврземе и лично, истакна Мицкоски.

-Имаме економско цунами кое ни го приредија Заев, Тевдовски и Анѓушев. Имаме пад на индустриското производство, имаме за 100 милиони евра помалку странски инвестиции во 2017 година, споредбено со 2016 година. 566 милиони евра не задолжија од почетокот на годината па до сега. 1 200 евра секое семејство плус го задолжија за само два ипол месеци. Државните резерви ги стопија за 277 милиони евра. Ако го погледате статистичкиот извештај од заводот за статистика ќе видите дека падот на невработените во четвртиот квартал е ист како и третиот квартал, што значи имаме стагнација, рече претседателот Мицкоски.

Најнови вести