среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Кочани: Не е време за обвинувања и политизирање, да помогнеме сите!

Мицкоски од Кочани: Не е време за обвинувања и политизирање, да помогнеме сите!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски апелира од кочанското село Тркање до властите да си ја вршат работата за која што се платени и да им помогнат на граѓаните во гаснењето на пожарот.

Мицкоски порача дека не е време за обвинувања, туку дека треба да се делува што е можно побрзо за помош на жителите на Кочани и околината.

-Ги повикувам граѓаните да помогнат. Ова е проблем на граѓани, а не на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не треба да се политизира. Ќе критикуваме од утре, ќе бараме одговорност од утре, денес треба да помогнеме. Ги повикувам граѓаните, рече Мицкоски.

Најнови вести