среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ сигурно имале добра причина за тоа, но ова што сега се случува со државата не е она што го сакаат

Мицкоски: Оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ сигурно имале добра причина за тоа, но ова што сега се случува со државата не е она што го сакаат

Лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма изрази разбирање за граѓаните кои го дале својот глас за СДСМ. Мицкоски ги оправдува и потенцира дека сигурно имале причина за тоа, но сега се гневни и се каат за тоа што им се случува.

– Јас ги разбирам и можам да ги оправдам, имале сигурно добра причина зошто гласале против ВМРО-ДПМНЕ, но истите тие граѓани сега кукаат и лелекаат со тоа што гледаат дека им се случува со нивната држава, вели тој.

Претседателот на најголемата опозициска партија истакна дека кога граѓаните гласале против ВМРО, гласале за луѓе кои им ветувале се, а сега ништо не исполнуваат и напротив ги уназадуваат граѓаните и државата. Тие вели Мицкоски сега се револтирани, а опозицијата сега треба да гледа како вистински да ја реформира државата и да ја направи подобра.

– Јас  можам да ги разберам граѓаните во Република Македонија кои на минатите локални и парламентарни избори гласале против ВМРО-ДПМНЕ, сигурно имале добра причина зошто тоа го сториле, сигурно имале добра причина зошто тоа го сториле. Исто така истите тие граѓани можам да ги разберам сега кога се револтирани дека кога гласале против ВМРО гласале за луѓе кои што во тој момент им ветувале се, а сега не исполнуваат ништо, напротив ги уназадуваат. До кога ние ќе правиме реминисценции на минатото. Ние треба да гледаме како оваа држава да ја реформираме и да ја направиме подобра, заклучи Мицкоски.

Најнови вести