вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Органите на државата се уште немаат одговор на министерот Нухиу кој тврдеше дека на 27 април имало вооружени групи од Чаир подготвени да тргнат кон Собранието

Мицкоски: Органите на државата се уште немаат одговор на министерот Нухиу кој тврдеше дека на 27 април имало вооружени групи од Чаир подготвени да тргнат кон Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 зборуваше за настаните од 27 април каде ја посочи изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во врска со неговите тврдења за појавата на вооружени групи во Република Македонија.

-Таа изјава е дадена како сведочење кое е поврзано со настаните од 27 април и мене навистина ме изненадува дека органите во државата обвнинителството, Министерството за внатрешни работи се уште не дале одговор на ова тврдење на министер бидејќи тоа не е било кој човек. Тој човек во тоа време бил министер и неколку месеци дава изјава дека во тој момент имал информација дека се вооружуваат луѓе. Без притоа да си го постави основното прашање од каде им е тоа вооружување, кој тоа ги вооружува, кои се тоа луѓе вооружени и со која цел се вооружале. И најважното откако се вооружале како се разоружале и кој ги разоружал и дали постои опасност тие повторно да се вооружаат, рече Мицкоски.

Според него добро е граѓаните да ја дознаат целокупната вистина. Мицкоски притоа посочи дека ако јавноста дознава дека министерот кој е најповиканиот во тој момент да се грижи за стабилноста и безбедноста на Република Македонија има информација дека се вооружуваат луѓе а притоа да не преземе ништо тогаш многу јасно дека треба да се поставува прашањето каква улога имал тој човек на тие настани.

Најнови вести