среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската Комисија Кристијан Даниелсон

Мицкоски оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската Комисија Кристијан Даниелсон

Претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската Комисија Кристијан Даниелсон.

Во текот на средбата Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со  членството на Република Македонија во Европската унија. Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција.

Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот со Република Грција и  укажа дека Партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со македонскиот правен систем како и меѓународните стандарди и практики.

Соговорниците се согласија дека е потребна понатамошна комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на Европската комисија со цело зголемената потреба од севкупни реформи на македонскиот правен, политички и економски систем.

Најнови вести