Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, вчера остварија средба со Делегацијата на Групата на Европската народна партија во Европскиот Парламент составена од Европратеници Андреј Ковачев, Алјоз Петерле и Туне Келам.
На средбата со Европарламентарците Мицкоски ги нагласи стратешките заложби на ВМРО-ДПМНЕ за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија.
Во тој контекст, Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава импулс во реформските процес насочени кон реализацијата на таа стратешка цел.
Мицкоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто нагласи дека веќе подолг период се спроведува терор врз поединци заради различен политички став, но и врз целокупниот политички систем преку игонрирање на уставни, законски и деловнички норми во работењето како на законодавната, така и на извршната власт.
Соговорниците дискутираа и за одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија.