петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со европратениците Кукан и Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот со Грција

Мицкоски оствари средба со европратениците Кукан и Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

-Соговорниците се согласија дека евроатлантската интеграција на Македонија во  ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја посочи посветеноста на партијата на евроатлантските интеграции на државата кои се од стратешки интерес.

-Мицкоски го истакна фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот која актуелната власт го потпиша со Грција, поради фактот што тој е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста тој да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции. На средбата со претставниците од Европскиот Парламент се говореше и за актуелната политичка ситуација во државата, а им беше укажано дека актуелната влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести