сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со Хелбах

Мицкоски оствари средба со Хелбах

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Кристијан Хелбах, специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО, информираат од партијата.

Во врска со Договорот со Република Грција, Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и дека партијата не може да го поддржи истиот.

Најнови вести