Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски саедно со високи функционери од партијата се сретна со претставници на германското министерство.
-Се сретнав со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Сузане Шутц, Директор за југо-источна Европа и Сабине Штохр, одговорна за ЕУ проширување.
На средбата се заблагодарив за поддршката на Германија кон македонските евроинтеграции, и потенцирав дека заслужуваме да ги отпочнеме преговорите за пристапување кон ЕУ, независно од сите неуспеси на сегашната Влада, објави на социјалнат мрежа на Фејсбук Мицкоски.