четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Планот Заев-Бојко беше преку заклучокот од ЕУ за историјата да прифати разнебитување, не случајно пријателите Словачка, Чешка и Австрија реагираа, тоа мораше да се одработи

Мицкоски: Планот Заев-Бојко беше преку заклучокот од ЕУ за историјата да прифати разнебитување, не случајно пријателите Словачка, Чешка и Австрија реагираа, тоа мораше да се одработи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади Бурек кај Јанко“ на ТВ Сонце истакна дека пријателите на Македонија како Чешка, Словачка и Австрија навреме реагираа да не се разнебити македонската историја и им го спречија планот на Заев и Бојко тоа да влезе во заклучоците на ЕУ за проширување.

Мицкоски посочи дека бидејќи Заев не успеа во Македонија поради критичната маса која се создаде, заедно со Бојко тргнаа на нов план историјата да влезе во заклучоците, за да има Заев оправдување прред граѓаните, односно, да рече дека ако сакаме ЕУ мора да се откажеме од историјата.

-Нашите пријатели од Чешка и Словачка го забележуваат тоа, а потоа им се приклучува и Австрија и викаат не може ова да влезе во заклучоците. Тоа се луѓето кои што повеќе од сопствениот премиер си ја сакаат Македонија. Треба да им честитаме, тие се луѓе дел од Вишеградската група во кој се уште Полска и Унгарија. Ништо не е случајно, така и овие држави не случајно застанаа. Инаку ако тргневме оттука преку исток до Брисел лошо ни се пишуваше, среќа овој народ има пријатели кои го ценат, но има луѓе од внатре кои се борат за овој народ кои се борат за неа, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека доколку се тој критериум за историјата влезеше во заклучоците од него назад нема, тоа тука завршува и за ЕУ е како Библија или Куран што е за верниците.

Најнови вести