недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Победник на локалните избори ќе биде најголемиот опозициски блок

Мицкоски: Победник на локалните избори ќе биде најголемиот опозициски блок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање кои се неговите очекувања и каква изборна кампања ќе води партијата, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води исклучиво позитивна кампања и на граѓаните ќе им понуди иднина, надеж и визија на претстојните локални избори.

Во однос на она кое што тој лично го очекува од изборите, нагласи дека 20тина политички се обединиле во опозицискиот блок заедно со коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива создавајќи коалиција поголема од сегашната владина коалиција, односно како што рече тој има и такви политички партии кои и овој пат се обиделе да создадат раздор во опозицијата, нагласувајќи дека верува во мудроста на народот и нема да го дадат својот глас за овие како што тој ги нарече лажни политичари.

Она што мене ме прави горд и среќен е тоа што повеќе од 20 политички партии и група избирачи, влегоа во обединетиот опозициски блок и заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива создадовме навистина можеби во историска смисла на независна Македонија најголем до сега опозициски блок кој што како куриозитет е поголем од владиниот блок. И тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ се разбира го посакуваше и тоа е она коа што граѓаните го бараа од опозицијата. За жал имаме и такви кои што одлучија овој пат да се обидат повторно да направат раздор во опозицијата. Но, мислам дека граѓаните се мудри, јас верувам во мудроста на граѓаните, ќе ја препознаат нивната лажна намера и нема да го дадат својот глас за овие лажни политичари. Така што да заклучам, што се однесува до последниот ден навистина сум задоволен што за прв пат во историјата на независна Македонија, имаме ваков голем опозициски блок кој што ќе нанесе сериозен пораз на владината коалиција на овие избори, за која што гледаме дека полека почна да има определена функционална дисипација, неколку владини коалициони партнери настапуваат на овие избори самостојно и со листи, но и со кандидати за градоначалници, кажа Мицкоски.

Она кое што мислам дека треба да го слушнат и видат од нас граѓаните е достоинствена борба без напади, без ниски страсти, една политичка кампања во која што треба да го понудиме нашиот поглед кон иднината, проектите кои што им ги нудиме на граѓаните во општините каде што ги гласаат советниците и градоначалниците. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе водиме исклучително позитивна кампања бидејќи сме свесни за две работи. Првата е дека чувството, перцепцијата на граѓаните дека во Македонија немало никогаш полоша влада од оваа што е сега и ако ние кажеме дека владата е навистина лоша нема да кажеме нешто ново, чувството кај граѓаните е такво. И второ навистина граѓаните се заморени од црни сценарија, граѓаните сакаат да видат надеж, визија, да видат иднина. Сето тоа кое што досега во оваа владина коалиција не може да го видат. Така што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди надеж, визија и ќе понуди иднина на овие избори, изјави претседателот Мицкоски.

Најнови вести