вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Потребна е мудрост за спорот со името

Мицкоски: Потребна е мудрост за спорот со името

На иницијатива на министерот за надворешни бевме поканети на лидерската средба на која со задоволство присуствувавме. Тим на ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таа лидерска средба  на која премиерот и министерот за надворешни работи ни дадоа информации за тој процес на преговори за името, за проблемот кој нашиот јужен сосед го има со името Република Македонија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Сител.

-Отприлика ни беа презентирани сетот на идеи кои медијаторот Нимиц неколку дека претходно го претстави пред преговарачите од двете страни во Њујорк. Средбата траеше 6-7 часа, имавме конструктивна дискусија. Она што како заклучок на крајот јавноста беше информирана е дека за интересите на самиот процес не би излегувале со подетални образложенија, критики или пофалби, како и претпоставки како би се развивал овој процес бидејќи ние се уште немаме конкретно решение, сето ова е дел од сетот на идеи. Документот е сет на идеи, не е конкретен предлог. Тие се помалку или повеќе познати на јавноста, излегоа низ портали, јавноста можеше да ги види, тука отприлика се движи рамката на идеите. Се додека во моментот, одговорноста е на Владата на Македонија, добро е ВМРО-ДПМНЕ да биде информирано како овој процес би напредувал во иднина и до она што се вели конечно решение ВМРО-ДПМНЕ би играл мудро во целиот овој процес, ВМРО-ДПМНЕ би било дел од овој процес доколку Владата одлучи да ги информира другите политички чинители за тоа како ќе се развива овој процес во иднина. Треба да бидеме внимателни со она што во моментот се вели, преговори за разликите во името кои ги има нашиот јужен сосед со името на Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека изминатите месеци откако беше избрана новата Влада, имаше чувство на оптимизам во двете држави, но според она што тој го гледа, не е уште така.

– Чувсвтвата се поизмешани, заради тоа е потребна многу мудрост, внимателност за тоа како овој процес понатаму ќе се развива бидејќи интерес на граѓаните на Република Македонија е државата да победи во овој процес. Република Македонија да излезе како победник од овој процес. Затоа треба внимателно и одмерено да се води овој процес бидејќи, како процесот се интензивира, чувствата стануваат поизмешани, што не е добро. Особено оние пораки, униформи кои денес бевме сведоци на овој протест. Во Солун имавме иредентистички пораки, имавме палење на македонското знаме, сето тоа не му оди во корист на овој процест, напротив го уназадува, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и за тоа кој е ставот на партијата за промената на уставот по ова прашање.

-Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото е неколку пати кажана јавно и јас неколку пати самиот ја имам кажано. Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија и таа е непроменета и ќе остане непроменета, заклучи Мицкоски.

Најнови вести