понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Премиер не се станува во канцеларија, се надевам дека ДУИ ќе понуди програма што ќе го привлече вниманието на сите граѓани без разлика на етничка припадност

Мицкоски: Премиер не се станува во канцеларија, се надевам дека ДУИ ќе понуди  програма што ќе го привлече вниманието на сите граѓани без разлика на етничка припадност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во централните вести на телевизија Сител на кои се вклучи од Охрид каде денес е во посета, се осврна на темите кои ќе ги актуелизира во кампањата.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ имаме повеќе од илјада проекти, политики и мерки кои ќе бидат дел од идниот четиригодишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претпоставувам тоа ќе биде програма која ќе биде заедничко нешто, заедничка основа, дело што ќе се спроведува со потенцијален заеднички партнер во владата. Ние говориме и ветуваме подобар стандард, а тоа значи повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците, намален данок 8 проценти, историски најнизок во Македонија и Европа. Имаме многу инфраструктурни проекти, исто ќе го промовираме спортскиот, образовниот, културниот денар, а тоа се се огромни средства кои ќе бидат преку политиките на владата наменети за граѓаните“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека економијата ќе биде во фокус зошто како што рече „цениме дека ситуацијата е катастрогфална, економијата е уништена, сето тоа е последица од лошто справување со епидемијата од корона вирусот.

„Во програмата за сите има по нешто. Најважно, стоиме зад секоја една реченица, секој збор и веруваме дека во следниот четиригодишен мандат кој ќе го добиеме и ќе го реализираме истото. Сепак очекувам валкана кампања со многу конструкции, лажни обвинувања, но ние ќе се обидеме да бидеме над ситуацијата. Не очекувам тука да застане куферчиња Луи Вутон, функционери политичари кои гледаме како функционираат по принципот мито за мито тоа граѓаните го видоа“, рече Мицкоски.

Лидерот Мицкоски ги повика граѓаните масовно да се придржуа на мини собирите кои се такви поради корона вирусот и дека ВМРО-ДПМНЕ заеднички со народот ќе победи на 15 јули.

Мицкоски се осврна и на денес презентирана идеја од ДУИ, дека политичарот Насер Зибери е кандидат за премиер на нивната партија.

„Премиер не се станува во канцеларија, треба да се излезе пред граѓаните и да се добие поддршка така се станува претседател на Влада. Ја прифатија идејата на ВМРО-ДПМНЕ за шпицен кандидат, сега се надевам дека ДУИ ќе понуди и програма што ќе го привлече вниманието на сите граѓани без разлика на етничка припадност, а начинот на кој ја почнаа кампањата е дополнително оптоварување за граѓаните и дополнителна поларизација, а ние тој начин на водење политика го одбиваме. Тоа не е добар концепт, тоа ќе го видат граѓаните. Граѓаните ќе се одлучат за концепт кој нуди додадена вредност и подобар живот за сите“, рече Мицкоски.

Најнови вести