Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на дуелот со Зоран Заев, докажувајќи ја политизираноста на правосудниот систем кажа дека припадници на ИСИС се казнуваат три пати помалку отколку што се казнети луѓето од 27-ми април, притоа напоменувајќи дека во едниот случај имаме луѓе кои доаѓаат директно од боиштата на Блискиот Исток, а во другиот случај луѓе кои не сториле никакво дело.
– Господине Заев најмалку неколку пати сум го осудил но еве вака ако ви причинува посебно задоволство и пред вас ќе го осудам насилството кое што се случи тој ден и никогаш да не се повтори. Но исто така го осудувам и чинот кое што го предизвика тоа насилство но исто така го осудувам и чинот на кој што преку 2 века казна е дадена на луѓе кои што не примениле насилство тој ден. А, од друга страна да имате повратници од боиштата во Сирија и во Ирак, припадници на ИСИС да добијат три пати помала казна од Горан Ангелов, од Ченто, од Митко Чавков, Митко Пешов и останатите кои што се таму. Ние имаме луѓе кои што добија 18 години казна, а не примениле сила, а од друга страна имаме повратници од ратиштата, од боиштата во Сирија како припадници на ИСИС овдека во Република Македонија се со три пати помала казна, нагласи Мицкоски.