вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Работиме на програма која ќе содржи решенија на многу проблеми на граѓаните

Мицкоски: Работиме на програма која ќе содржи решенија на многу проблеми на граѓаните

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ за интервју за „Република“ истакна дека партијата работи на програма, која ќе биде доста квалитетна и ќе содржи доста решенија како да се помогне на граѓаните.

-Она што ВМРО-ДПМНЕ го има зацртано како агенда во своите активности е како да го направи животот на нашите сограѓани поквалитетен. Се разбира дека ние не можеме да излеземе со програма којашто ќе понуди стопроцентно решавање на сите проблеми на нашите сограѓани, но можам да кажам дека ќе излеземе со програма невидена досега, којашто ќе понуди решенија за најголем дел од проблемите на нашите граѓани. Не би навлегувал во нумерички податоци X евра плата, Y евра просечна плата. Ќе сториме сѐ не само 500, туку и повеќе стотици евра просечна плата во Македонија, затоа што нашите граѓани заслужуваат поинаква реалност од оваа, посочи Мицкоски.

Најнови вести