недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Само во Македонија за изгорени луѓе кабел може да биде крив, но никако министер

Мицкоски: Само во Македонија за изгорени луѓе кабел може да биде крив, но никако министер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Чашка, нагласи дека СДСМ и Зоран Заев немаат програма бидејќи како што истакна тој таа подразбира план и визија.

-Никој од Заев не виде програма. Сеат магла и ги повторуваат буквално истите лаги. Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Заев нема програма затоа што таму ќе остане напишано тоа што ќе излаже, излажаното. Нема програма затоа што и тоа им тешко да го направат и ќе станат мерливи и ќе може да се споредат дека се имаат излажано, а  ништо немаат направено, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев и СДСМ се надеваат дека народот кога ќе заокружува зад параваните на 17ти октомври нема да се сети дека Македонија е најкорумпирана држава во Европа, но и дека е единствена земја во која живи горат 14 луѓе а виновен за тоа е кабелот.

-И мислат дека народот кога ќе заокружува зад параваните нема да се сети на тоа дека сме најкорумпираната држава во Европа. Дека сме  први по смртност во Европа поради Ковид кризата и дека 14 луѓе живи гореа, а одговорност за тоа нема, кабелот бил виновен, рече Мицкоски од Чашка.

 

Најнови вести