понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: СДСМ не ги брани лекарите, се брани себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините

Мицкоски: СДСМ не ги брани лекарите, се брани себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините

Разбирам дека во СДСМ има многу проблеми, разбирам и дека немаат резултати со кои ќе се пофалат, но не ја разбирам нивната потреба со лаги да го покријат сето ова, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Во наредните 24 часа нека најдат макар една изјава од мене или од било кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убијци и јас сум спремен да се извинам, во спротивно очекувам Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите лаги на грбот на лекарите. Не ги бранат тие лекарите, се бранат себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините. Знаат Заев и Филипче, знаат, и затоа се бранат себе си, напиша тој на својот Фејсбук профил и додаде:

„И сосема на крај да посочам дека и мојата мајка е доктор, оттука е и сосема неприродна ваквата лага на Заев.

Проблемите во СДСМ не се проблем и на државата и народот“.

Најнови вести