Тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите работи кои што ги прави оваа криминална, непотистичка и насилничка власт, луѓето претпоставувам од внатре се обидуваат да му слугуваат на Заев, притоа надевајќи се како што ја гледаат реалноста преку неколку потези да измени закони и бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму, ова денеска го истакна Христијан Мицкоски за време на давањето потпис за поддршка на кандидатот Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Македонија.
-Како човек, грозоморно и монструозно е воопшто да коментираме такви работи од луѓе кои се соочуваат со затворска казна која е резултат на она што го сторија во кумановските настани, поточно во местото „Диво Насеље“. Обично кукавици преку Фејсбук се закануваат на луѓе и политичари, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот, сте сториле нешто има да одговарате за тоа, додава Мицкоски.
КУРИР целата изјава на Мицкоски ја пренесуваше во живо и можете да ја погледнете во продолжение.