Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, ова денеска преку соопштение до јавноста го упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Денешниот ден е голем ден за припадниците на вашата заедница, кога на себошњачкото собрание во Сараево е вратено вашето национално име „Бошњак“, што е ваш симбол на себеидентификација и национална гордост. Бошњаците од секогаш биле сврзен елемент во македонското општество и биле лојални граѓани на Република Македонија, со почит кон другите и го промовирале демократскиот и економски напредок на државата. Бошњаците придонеле кон градење на доверба во македонското општество и градење на соживот. Македонците и Бошњаците како народи кои повеќе пати во историјата живееле во исти држави имаат големи сличности, и покрај сите искушенија и напади, нашите народи опстанале и преку мултикултурно општество изградиле силни држави, со етничка кохезија, почит и разбирање. Уште еднаш најсрдечно ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците, со искрени желба за здравје, радост и успех на вас и вашите фамилии.