сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со идентитечен став со САД за судирите во Израел и појасот Газа

Мицкоски со идентитечен став со САД за судирите во Израел и појасот Газа

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случувањата на блискиот исток, појасот Газа и Израел ги разбранува страстите на социјалните мрежи. Се јавија радикални исламистички групации кои упатија закани до Мицкоски поради искажаниот став дека конфликтот треба да се реши, но и дека Израел има право да се брани кога е нападната од надворешна сила како терористичката Хамас. Впрочем оние што ги пратат меѓународните збиднувања знаат дека ова е речиси идентитечен став со надворешната политика на САД и официјален Вашингтон во однос на овој конфликт.

Американскиот претседател Џо Бајден, по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред еден ден, изрази разбирање за реакцијата на Израел по ракетните напади од Хамас.
„Моите очекувања и надежи се ова наскоро да заврши. Израел има право да се брани кога на негова територија стигнуваат илјадници ракети“, изјави Бајден по извршениот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Владата на Бајден изрази претходно загриженост и ги повика двете страни во конфликтот на итна деескалација. Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен му дал налог на својот специјален претставник Хади Амр да отпатува во регионот на средба со претставници на двете конфликтни страни.
Блинкен најостро ги осуди ракетните напади извршени од „терористичката организација Хамас“ од Појасот Газа врз израелски цивили.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се однесува кон палестинскиот народ, ниту пак кон муслиманите, или пак арапскиот народ. Тој се однесува кон правото на држава пријател на Македонија да ја заштити својата територија кога истата е нападната и гранатирана од паравоена формација. Денес во Израел губат животи за жал подеднакво и муслимани, и евреи и христијани. Водедно и оваа прилика апелираме на прекин на огнот, наоѓање на заедничко решение и смирување на тензиите и насилствата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна од МВР молчат за радикални екстремистички елементи, и говор на омраза кој беше насочен од центри на моќ кои работат во спротивност со стратешките интереси на државава и на нашите стратешки партнери. Запрепастува молкот од МВР кој не реагира и постапкува во насока на истражување на таквите закани и нивно санкционирање согласно важечките прописи. Истото тоа министерството на Спасовски кое го тресат изминатиов период силни скандало беше тоа кое го повлече и обезбедувањето на Мицкоски.

Инаку минатиот понеделник тензиите ќе експлодираат по повод Jerusalem Day, денот кога Евреите го слават обединувањето на Ерусалим после војната од 1967 година. Хамас почнува да реагира на судирите со лансирање на ракети врз Ерусалим и Тел Авив додека израелската војска ќе возврати со бомбардирање на Појасот Газа. Израелските ракетни напади врз Газа досега оставија најмалку 67 жртви, од кои 17 деца. Околу 400 се повредени. Милитантите од Газа лансираа повеќе од 1.000 ракети кон Израел од почетокот на нападите во понеделникот попладне, при што беа повредени над 200 израелски цивили и убиени седум жртви.

Најнови вести