вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со моќна порака од Паланка: Нема држава без корен и иднина без млади

Мицкоски со моќна порака од Паланка: Нема држава без корен и иднина без млади

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во Крива Паланка, а во чест на големиот празник Успение на Пресвета Богородица го посети и манастирот Свети Јоаким Осоговски. Пред да го посети прекрасниот манастир, Мицкоски оствари средба со младите од градот со кои разговараше на повеќе теми. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со голем број на граѓани од Крива Паланка.

По тој повод Мицкоски вечерва се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално неговиот Фејсбук статус:

Имав прилика денес да ја посетам Крива Паланка и манастирот Св. Јоаким Осоговски каде масовно се чествува празникот Успение на пресвета Богородица, токму во предвечерието на празникот Св. Јоаким Осоговски.

Имав можност да поразговарам со многу луѓе, меѓу кој и младите од Крива Паланка.

Најчесто се знае да се каже- младите се нашата иднина, и навистина е така, но главниот проблем е што се останува само на зборовите, а тие немаат знаење доколку не се започне да се дејствува со дела. Не можам, а да не споделам едно горчливо чувство кое влaдее кај младите луѓе, тие се разочарани, тие во себе носат бес, и горчина од беспреспективноста. Се чини дека нив во овие турбулентни политички времиња никој не ги прашува, никој не ги консултира, тие не се дел од системот на државата кој носи одлуки, а тие гласно велат во еден здив НИЕ СМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Младите се за Македонија во која секој живот вреди, држава во која здравството ќе спасува луѓе, чии животи се поскапи од владините цвеќиња, држава во која наместо за скапи кампањи за разубувавње на штетниот договор за името, ќе има повеќе пари за образование и нови училишта, држава во која наместо партиски вработувања, ќе има вработување на способните и на оние на кои навистина им треба работа, земја каде наместо криминални, ќе имаме вистински технолошки иновации, земја во која политичките прогони врз патриотите ќе се претворат во вистински прогон на престапниците кон законот кои како канцер го гушат нашето општество, а чии пипци се највисоко во власта.

Крива Паланка е само еден од многуте градови кои ја делат истата лоша судбина. На народот му е потребна надеж, концепт, поткрепа и визија.

Наспроти сето ова денес сме држава во која белото се прави црно, а вистината- невистина. И така покрај секојдневните спинови и извртувања на вистината ќе чуете уште една нова манипулација како ВМРО-ДПМНЕ немала став за договорот.

Ќе ги замолам да прочитаат убаво и јасно, ВМРО-ДПМНЕ го има најгласниот и најчистиот став, НИЕ СМЕ ПРОТИВ договорот кој е штетен за земјата, идентитетот и понатамошото постоење и функционирање на нашата држава и народ. И воедно ние можевме да се затвориме во канцелариите и сами да одлучиме како ќе настапиме на референдумот, и можевме да ја исклучиме јавноста, пред се граѓаните како што тоа го прави власта, но ние не сме како нив и ќе останеме со народот и ќе донесеме одлука која ќе биде најкорисна за нашата земја. Ќе биде слушнат и гласот на младите, таа носечка енергија која јас ја уважувам и почитувам. Младите се во центарот на вниманието на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Нема дрво без корен, исто како што нема држава без историја, но воедно дрвото ако има плодови има живот, а државата има иднина, ако младите се дел од нејзе.

Крива Паланка нека е честит празникот, Македонија ќе победи!

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во продолжение галерија од вечерашната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Крива Паланка и манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Најнови вести