среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со новиот Закон за градење на Заев и Филипче модуларните болници се поставени на диво и на диво се приклучени на електрична енергија

Мицкоски: Со новиот Закон за градење на Заев и Филипче модуларните болници се поставени на диво и на диво се приклучени на електрична енергија

Владата направи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување, а кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минсистерот за здравство. Прашувам го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за измените на Законот за градење по средбата со првиот човек на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа.

Мицкоски додава дека „тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму модуларната болница, кој ја пуштил во употреба на диво и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“.

Според него одговорноста е јасна и не треба странски комисии да утврдуваат ништо.

Мицкоски со објаснување што претходно предвидувал Законот за градење.

– Во Законот за градење има три столба кои се значајни, првиот е одобрение за градба, вториот е категоризација на градба, прва и втора категорија, третиот столб е употребна дозвола. До сега имаве прва и втора категорија или прва објекти кои да речеме би требало да се изгради една ваква болница бидејќи е дел од владината одговорност во случајов министерство за здравство со министерство за труд и социјала, а втора категорија се индивидуални станбени објекти, куќи. Пуштање во употреба за индивидуален станбен објект, куќа се врши со технички извештај од надзорен инжинер и тогаш со тој извештај одите во општина добивате решение и го запишувате во катастар и станува ваш. Кога станува збор за градба од прва категорија надлежно беше до сега министерство за транспорт и врски и овој објект требаше да биде градба од прва категорија. Што значи тоа, градба од прва категорија, дека има основен проект, ревидиран кој е проектиран од проектантско биро со А лиценца и ревидиран од ревизорска куќа со А лиценца. Тие документи се закачуваат на електронскиот систем е -дозвола заедно со други проекти меќу кои елаборат за противпожарни инсталации, громобрански инсталации и сл.“, рече Мицкоски.

Тој објасни дека тогаш „министерството за транспорт ги праќа овие проекти до институциите на одобрување и мислење и кога ќе ги собере сите одлучува да даде одобрение за градба, која се следи и на крај комисија од министерство за транспорт и неколку други институции излегува на терен и оценува дали е изработен според проект и ако е се дава одобрение за употреба“.

И сега, објаснува Мицкоски, што прави Владата.

– Носи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минситерот за здравство. Го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е ставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво. Е тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму, кој ја пуштил во употреба и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“, укажа Мицкоски.

Најнови вести