вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со собир во Битола ќе го одбележиме роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, нема простор за славење, државата оди во погрешен правец

Мицкоски: Со собир во Битола ќе го одбележиме роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, нема простор за славење, државата оди во погрешен правец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во Дневникот на „Сител“ ТВ посочи дека роденденот на партијата ќе биде симболично и работно одбележен на 16 и 17 јуни во градот на конзулите, Битола.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работно лето, ќе имаме два интересни настани кои што следуваат во периодот. Викендот, 16 и 17 јуни, три дена ќе бидеме во Битола. Тогаш симболично и работно ќе одбележиме многу значаен настан за нас, а тоа е роденденот на партијата. Нема простор за славење, сето тоа ќе биде во еден работен амбиент. Ќе ги поканиме нашите поддржувачи и симпатизери ширум Македонија да ни се придружат тој викенд во Битола и јас ќе бидам таму, така што генерално на пократка основа ќе биде Илинденската прослава, истакна Мицкоски.

Претседателот на партијата најави дека ќе има работно лето низ цела Македонија. Тој вели дека треба да се согледаат проблемите на луѓето од негрижата на оваа власт, како и дека мора да излезат со конкретни решенија за проблемите кои ги имаат граѓаните.

Најнови вести