недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Струмица е на нозе и бара промени и нова иднина!

Мицкоски: Струмица е на нозе и бара промени и нова иднина!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членови на високото партиско раководство вечерва остварија средба со членови на партијата од ОК Струмица.

„Вечерва на состанок во претесната сала на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Струмица е на нозе и бара промени и нова иднина. Разговаравме за нашите црвени линии, идентитетот, нашата заедничка борба за подобар живот.

Сите заедно од сите комитети, од сите градови и места да и порачаме на ова власт: Доста е! Време е за големи чекори напред“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести