недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ, по предвремените избори кои очекуваме да се случат, ќе го цени трудот на лозарите и ќе се грижи нивниот труд да биде достоинствено платен

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ, по предвремените избори кои очекуваме да се случат, ќе го цени трудот на лозарите и ќе се грижи нивниот труд да биде достоинствено платен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Кавадарци каде што имаше и изјава за медиумите. Запрашан околу состојбата со поткупот на грозјето Мицкоски истакна дека состојбата не е воопшто добра, бидејќи иако на хартија цената е малку повисока од минатата година, таа цена нема кој да ја плати бидејќи откуп нема.

„Од тоа што можев да го слушнам од луѓето што се занимаваат со таа работа, од лозарите, е дека откуп нема, односно има проблем со откупот. Можеби на хартија цената е малку повисока од минатата година но во суштина нема кој да ја плати таа цена бидејќи откуп нема. Сите тие велат дека половина од бербата останува ненабрана, а дел викаат и целосно дека бербата останува ненабрана, неисплатливо. Буквално сите се жалат и велат дека е тешка ситуацијата“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека се надева дека оваа година ќе биде последна во која власта го потценува трудот на земјоделците и дека догодина со една нова влада на предвремени парламентарни избори луѓето ќе го сочуваат своето достоинство и достоинствено ќе им биде исплатен трудот.

„Едно е тоа што го кажуваат од Владата, но реалноста овдека е навистина тешка и се потценува трудот на луѓето континуирано од оваа власт. Се надевам дека ќе биде последната кодина кога се потценува трудот и дека догодина со една нова влада на едни предвремени парламентарни избори луѓето ќе го сочуваат своето достоинство и достоинствено ќе им биде исплатен трудот, односно ќе имаат достоинствена цена и ќе има откуп онаков каков што има и род, а не како сега, ако да речеме родот е десет, откупот е за три за четири, а останатото останува ненабрано или воопшто неоткупено од страна на откупувачите“, истакна Мицкоски.

Најнови вести