среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата симнува ѕвезди од небото, а народот доживува огромна криза – на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај

Мицкоски: Владата симнува ѕвезди од небото, а народот доживува огромна криза – на паразитите и на тајните имоти мора да дојде крај

Народот доживува една огромна криза. Земјава е рекордер по инфлација и рекордер по индексот на мизерија. Како да се платат сметките, шоковите со цените по продавниците, маките со бизнисите, и тешките деловни односи се работите што го мачат општеството. На сметка на ова, Владата зборува за висока политика, симнува ѕвезди од небото, вергла како на расипана лента исти фрази, исти зборови за некаква иднина што не доаѓа, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 31-ва годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“.

-Најголемиот оцрнувач на евроинтегративните процеси е Владата и најголемиот непријател на имиџот на прозападните партнери е токму Владата која во состојба на отсуство на реформи за кои треба часови и часови работа, ги супституира со понизност и лесна рака за потпишување на сè и сешто што ќе побараат од неа, нема апетит на држава околу нас кој не го задоволија на штета на нашите интереси, додека потоа имаат полна уста за ЕУ правејќи криминал и криејќи белосветски пробисвети кои се на црните листи на западните земји. А пак оние слуги притиснати до ѕид, слугите на власта,  кои мора нешто да одработат за да добијат од власта ќе фрлат по некоја димна бомба кон опозицијата колку да направат дефокус од овие вистински теми важни за народот, рече тој.

Вели дека кога го слуша ветувањето на Ковачевски кога вели следната година ќе биде подобра, знаете дека тоа е реченицата која ја слушаме 5 години по ред, а секоја наредна година е само полошо од претходната.

-Многу е тешко кога гледам дека главната борба на младите во Македонија, главниот протест е за оброк кој владата им го зема од уста, додека младите во Берлин, Лондон, Париз протестираат за широки општествени теми, за повеќе права, повеќе слобода за своите врсници од Блискиот Исток или за повеќе развој и технологија. Нашата влада им го одзема и така сиромашниот оброк кој видовме дека е сочинет од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации. Мачно е кога гледам како функционери од власта се ухлебени паразити кои живеат од потта на чесниот народ и земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата. Нивните имиња не се ни знаат, но тие ги држат паразитски функциите на десетиците институции од кои дебело се платени, додека тутунарите немаат откуп, додека оризарите протестираат, додека студентите се гладни. Функционери од власта криеле имоти, луѓе од власта земаат месечна плата за која народот работи по цела година. Затоа ви ветувам и на паразитите и на тајните имоти мора даим  дојде крај, и во првите месеци по преземањето на власта ќе ги испитаме сите скриени имоти и ќе бараме отчет за истите, рече Мицкоски.

Најнови вести