„ВМРО е нашиот идентитет, затоа сакаат да ни го земат“ – порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој објави видео од синоќешното гостување на емисијата на новинарот Јанко Илковски.
-ВМРО е дел од македонскиот идентитет. Вие без ВМРО немате македонски идентитет. И историското и ова ДПМНЕ сега. Тоа е дел од македонскиот идентитет. Денеска никој не бара поддршка и спас од СДСМ и Зоран Заев. Дали е ВМРО на власт или опозиција, сите бараат од ВМРО спас. Затоа сакаат да ни го земат, затоа сакаат од ’45-та да постоиме како Македонци, за она ВМРО на Татарчев, Груев и останатите да биде бугарско, да не биде македонско. Да не биде Крупево Илинден македонски, туку да биде бугарски, истакна Мицкоски.