среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во 2016 година Македонија беше на 3-то место од топ 50 држави по успешност во привлекување на странски инвестиции, сега не нема ниту на листата

Мицкоски: Во 2016 година Македонија беше на 3-то место од топ 50 држави по успешност во привлекување на странски инвестиции, сега не нема ниту на листата

На денешната посета во Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со привлекувањето на странски инвестиции, истакна дека самиот факт што во 2016-та година Македонија била на третото место од топ 50 држави во привлекување на странски инвестиции, а сега не сме ни на листата, говори како оваа влада се справува економијата и привлекувањето на СДИ.

-Јас не знам што направила Владата, но во 2016-тата година Македонија беше на третото место според успешноста на привлекување на странски инвестиции во топ 50 држави во светот, а во 2020-тата Македонија ја нема ниту на ранг листата, самото ова говори колку е успешна оваа влада кога станува збор за работата на полето на економијата и привлекувањето на СДИ и нивната успешност, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека не може најкорумпираната и најкриминалната влада во Европа да биде успешна во привлекување на директни странски инвестиции, затоа што никој денеска ниту во Европа, ниту во светот не сака да инвестира во држава која е најкорумпирана во Европа.

-Затоа оваа нелегитимна влада предводена од СДСМ и ДУИ мора да замине, да имаме предвремени парламентарни избори, да дојде влада која ќе има методологија и јасен план како најпрво да се справи со најголемиот проблем во општеството, а тоа е криминалот и корупцијата, посочи Мицкоски. (МИА)

 

Најнови вести